Кригла Пиво

Златен Даб

Златен ДабЗлатен Даб e високо квалитетно пиво на Прилепска Пиварница со златно-жолта боја, со пријатна горчина и чист вкус, произведено од 11% пивска сладовина со содржина од 4,5 % волуменски алкохол. Пивото е произведено од основните суровини: вода, слад, хмељ и пивски квасец. Првото шише Златен Даб е наполнето на 20 јуни, 2000 година.

Специјално за ова пиво во пиварницата е инсталирана опрема за целосно и автоматско водење на процесот на ферментација на пиво, целосно стерилно производство на пивски квасец и автоматско миење на целата опрема и инсталација. Во следните години се вложува во автоматизација и реконструкција на варилницата за пиво, нов начин на филтрација со поставување на мембрански филтри за преработување на фините честички на квасец и протеински талог како и инвестирање во нови капацитети за зголемено производство со висок квалитет.

Се полни во:
– Стаклена амбалажа од 0,33л.;
– Стаклена амбалажа од 0,5л. Пакувано: 1/20 во гајба;
– Пластична (ПЕТ) амбалажа од 1,5л. Пакувано: 1/6 во термо фолија;
– Буриња од 25л (за точено пиво).

Официјална веб страна: www.zlatendab.com.mk