Кригла Пиво

Златен Даб: Воздржи се ако можеш!

Златен Даб: Воздржи се ако можеш!

Новата реклама на Златен Даб – „Воздржи се ако можеш!“ е снимена на неколку ексклузивни локации на Јадранското море, со францускиот актер и модел Марк Ле Рој и неодоливи девојки за кои е потребно да имате развиена самоконтрола. Дисциплина, контрола, квалитет. Тоа се трите основни принципи на Златен Даб истражувачкиот центар што се промовираат во оваа реклама. Сè околу тебе е предизвик и затоа мора да се воздржиш… во секоја ситуација! „И запамти, во животот самоконтролата е сè!“ – порачуваат од Прилепската Пиварница.

Ова е една од похрабрите реклами за пиво што се појавиле на македонскиот пазар. Да се надеваме дека во Кригла Маркетинг ќе имаме почесто прилика да претставуваме квалитетни и интересни кампањи на македонските пивски брендови.

Објавено на 24.05.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

2 коментари

  1. nikola June 8, 2012 во 8:53 am

    Edna od poubavite reklami na nasite proizvodi vo posledno vreme.Porano slicna reklama isto taka ubava imase firmata Alkaloid

Додади нов коментар