Кригла Пиво

Златен Даб со нов изглед

Денеска Прилепската пиварница го претстави новиот Златен Даб со променет изглед и врвен квалитет. Пивото има целосно нов изглед, со уште подобар вкус и висок квалитет. Новиот Даб има комбинација на иновативни елементи што го прават ова пиво единствено по својот дизајн, квалитет и вкус. Зеленото шише претставува меѓународно обележје на одлично пиво, а од другите новитети тука се транспарентната етикета, новото „pull off“ капаче и шише кое е лесно за држење во рака.

Златен Даб со нов изглед

„Новиот изглед на пивото е нова страница на Златен Даб. Подготвени сме за освојување на нови пазари надвор од земјава, што е дел од нашата развојна стратегија. Последната наша најголема инвестиција е само доказ дека постојано вложуваме во подобрување на квалитетот на нашите производи. Со новиот Златен Даб лансиравме пиво со автентичен изглед кој ги следи светските трендови за креирање на премиум пивски бренд. Но овде не застануваме, засега сме сигурни дека во моментов го имаме најдобриот пивски бренд во Македонија“, изјави Димитар Тодороски бренд менаџер на Прилепска пиварница.

Златен Даб со нов изглед

Долгогодишната традиција, препознатливиот квалитет на брендовите, како и иновативноста посебно изразена во последнава деценија, се основен белег на работата на Прилепска пиварница. Доказ за тоа е и последната најголема инвестиција во линија за производство на пиво и газирани пијалаци во стаклена амбалажа и претходната во бескиселгурната филтрација со што Пиварницата е една од ретките во Европа што поседува ваква опрема.

Како вас ви се допаѓа новиот изглед на Златен Даб?

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар