Кригла Пиво

Жените повеќе пијат откако ќе се омажат

Едно неодамнешно истражување покажало дека жените пијат повеќе алкохол откако ќе се омажат него ли пред тоа. Според истото истражување, после развод жените обично паѓаат во депресија за разлика од мажите кои се свртуваат кон алкохолот.

Жените повеќе пијат откако ќе се омажат

Истражувањето било спроведено од група на американски социолози кои биле поттикнати да ја пронајдат поврзаноста на количината алкохол со бракот. Според резултатите, стабилниот брак ја намалува количината на алкохол што ја консумираат мажите, додека истовремено ја зголемува количината на алкохол што ја пијат жените. Истражувачите заклучиле дека се работи за атмосферата што ја создаваат оженетите мажи за консумација на алкохол, што ја поттикнува и жената да се придружи и да пие повеќе.

При развод, ситуацијата и обратна. Жените паѓаат во депресија додека мажите својата тага ја насочуваат кон алкохолот.

Извор: Pivnica.net

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар