Кригла Пиво

Здравствени добродети на пивото

Се плашите од пивски стомак? Тогаш започнете да го прифаќате тој факт, затоа што пивото може да биде навистина добро за вашиот организам. Било кое овошје или зеленчук се добри за вашето здравје, но пивото не содржи масти, холестерол и има многу ниско ниво на јагленихидрати.

Здравствени добродети на пивото

Па ако ви треба изговор да појдете уште денес на пиво со пријателите, тогаш искористете ги здравствените добродети како изговор.

Нутритивни вредности. Главните состојќи на пивото: хмељот, јачменот и пченицата содржат мали, но сепак значајни количества на калиум, магнезиум, калциум и фосфор – неопходни минерали кои му се потребни на телото.

Заштита на коските. Според истражување на “The Journal of Science and Food Agriculture”, се дошло до заклучок дека пивото може да спречи појава на остеопороза, благодарејќи на диететскиот силикон и ксантхохумол. Супстанцата ксантхохумол, која се наоѓа во хмељот исто така помага во ненадејни промени на телесна температура и спречувањето на рак.

Подобра меморија. Умерена консумација на пиво може да спречи појава на Алцхајмерова болест, благодарејќи повторно на диететскиот силикон. Истражувачи од Универзитетот Алкала во Шпанија откриле дека овој силикон делува на неуротоксичниот алуминиум – предиспозициски фактор за појава на Алцхајмерова болест.

Главни состојќи на пивото

Диететски влакна. Според производителите на пиво во Европа, 10% од потребниот дневен внес на диететски влакна сенаоѓа во 2 чаши пиво.

Силен срцев мускул. Пивото може да го намали ризикот на срцеви болести од 30 до 40 %, според истражувачите на Универзитетот “Texas Southwestern Medical Centre”.  Загреаниот јачмен произведува антиоксиданси кои помагаат во заштитата од срцеви удари.

Витамини. Од институтот „TNO Nutrition and Food research“ тврдат дека со пиењето пиво се зголемува количеството на витаминот Б6 во крвта за 30%. Овој витамин ја овозможува абсорпцијата на железо, ослободува енергија од храната и ја подобрува работата на нервниот систем.

Текстот е превземeн од newstalk.ie
Фотографии urbanbeerhunt.com, physictourism.com

 

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар