Кригла Пиво

Запознајте се со BeerBase

Четворица дечки од Македонија, Јужна Кореја, Финска и Литванија како дел од проект на нивните мастер студии во Шведска одлучиле да го креираат BeerBase блогот на кој што ќе ги споделуваат своите пивски искуства, но и како место каде сите можат да поставуваат свои фотографии од пива со ставање на #beerbase, таг на сликата и оценка на пивото на Инстаграм фотографиите.

Бидејќи во моментов е актуелно Светското Првенство во ракомет во Катар, BeerBase си има и свое првенство во пиво, односно на едно место се собрани најдобрите пива според нив од секоја земја учесник на шампионатот. За да го погледнете изборот на пива, кликнете на: http://beerbase.tumblr.com/2015-World-Mens-Handball-Championship-Beers 

BeerBase

Се надеваме дека и во иднина ќе споделуваат уште доста интересни пивски искуства и не заборавајте да ги тагнете на Инстаграм со @beerbase 🙂

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар