Кригла Пиво

Жан Клод Ван Дам во реклама за Coors Light

Жан Клод Ван Дам во реклама за Coors LightРаботната недела во понеделник ќе ја започнеме со една од најчудните реклами за пиво во 2011 година. Во главна улога Жан Клод Ван Дам кој го промовира Coors Light, лесно пиво кое има „Cold Certified“ етикета на која што има планина која менува боја, од бела во сина кога температурата ќе се спушти околу 4℃.

Кога ќе гледаш реклама за пиво во која глуми Жан Клод Ван Дам очекуваш многу повеќе отколку тој да стои разголен на снежни планински врвови и да го споредува пивото со неговите замрзнати пантолони, а тој самиот да се споредува со пингвин. Добро, пиво во зима на планина и не звучи како лоша идеја. Подобро од чај ако ништо друго.

Монологот на Ван Дам не можеме да го ембедираме на kriglapivo.com бидејќи има забрана за гледање од Македонија, па затоа препорачуваме да ја посетите Veryfannyads.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар