Кригла Пиво

Заменете го вашето црвенокосо дете за 6 пива

Контраверзна реклама на Hakanoa Ginger Beer од Нов Зеланд што предизвика лавина негативни реакции во тамошната јавност. Сопственичката на малата пиварница, Rebekah Hay во солзи мораше да се извинува пред камерите и да побара полициска заштита после серијата на закани што ги добивала.

Постерот на Hakanoa Ginger Beer

Рекламата што е дело на M&C Saatchi, им нуди на родителите на црвенокоси (анг. ginger – во нашиот јазик нема баш соодветен превод) деца да си ги заменат за пакување од 6 пива. На хумористичниот постер е прикажана млада мајка што си го заменила своето дете за пиво и текст:

„Да бидеме искрени, никој не ги сака црвенокосите деца. Доколку веќе имате некое такво, донесете го и ние ќе ви го замениме за нешто што навистина го сакате, вкусно пакување од 6 Hakanoa Ginger Beer“.

Да бидеме искрени, не сме баш сигурни дали заканите се вистински или целата контраверзност е само маркетиншки потег на малата пиварница за која инаку тешко дека некогаш би слушнале.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар