Кригла Пиво

За нас

Целта на Кригла Пиво е да ги обедини љубителите на пиво, со што би имале едно заедничко и специјално место во виртуелниот веб простор.

Главната инспирација за идејата и уредувањето на „криглава“ ни е пивото, но тука отстапуваме простор и за музика, спорт, маркетинг, блогови и сè што сметаме дека ќе им се допадне на љубителите на пивото.

Сакаме Кригла Пиво да биде едно наше мало катче за дружење, забава и размена на корисни информации. Затоа секој кој сака да придонесе со своја статија, предлог, слика, цртеж или што и да било друго поврзано со тематиката на сајтот го охрабруваме да ни пише преку нашата контакт форма или директно на sakam [at] kriglapivo.com.

На здравје!

Главен и одговорен уредник: Оливер Новески
Контакт: Twitter | oliver[at]kriglapivo.com

Уредник: Магдалена Јовеска
Контакт: Twitter | magdalena[at]kriglapivo.com

Лого: Дани Јанев – Twitter | Блог

Поддршка: Сите добри луѓе и наши редовни читатели

Кометарите се модерираат, односно се одобруваат само првиот пат кога коментирате со вашата e-mail адреса заради заштита од спамови и навредливи коментари. Кригла Пиво го задржува правото да ги отстрани сите коментари кои содржат навредлива или непристојна содржина.

Доколку сакате да поставите профил фотографија што ќе се прикажува на вашите коментари потребно е да се регистрирате на Gravatar со e-mail адресата што ќе ја користите.