Кригла Пиво

Викендов е второто издание на Вртешка во Белград

Викендов е второто издание на Вртешка во Белград
Викендот што ни доаѓа, односно 5-ти и 6-ти Мај ќе се одржи второто издание на интернационалниот фестивал на крафт пива Вртешка во соседна Србија. Како и првиот пат, повторно ќе има огромен избор на пива, најавено е учество на повеќе од 80 светски познати craft пиварници со над 200 различни пива. Фестивалот ќе се одржи во Магацин Депо во Белград, а еднодневна влезница чини 300 динари.

На фестивалот учество ќе земат пиварници од Италија, Шпанија, Португалија, Русија, Норвешка, Нов Зеланд, Велика Британија, Белгија, Шведска, Данска, Австрија, Естонија, Холандија, Грција, САД, Германија и секако Србија. Ова е одлична прилика да уживате во навистина голем број на квалитетни пива, па доколку имате можност секако препорачуваме викендот да го поминете во Белград 🙂

Сите останати информации можете да ги прочитате на порталот Svetpiva.rs или на Facebook настанот.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар