Кригла Пиво

Вртешка – Интернационален пивски фестивал во Белград

vrteska

Големата експанзија на craft пивата што се случува последниве неколку години во соседството особено во Србија ќе кулминира со првиот интернационален пивски фестивал Вртешка кој што ќе се одржи на 29-ти и 30-ти октомври во Магацин Депо. Организаторите, првиот craft бар во Белград – Само Пиво и Kabinet Brewery најавуваат учество на повеќе од 40 пивари со над 150 различни пива од најмалку 15 земји.

Некои од пиварите кои што се веќе најавени се: Anderson Valley и Stone Brewing од САД, Brewdog, Thornbridge и Beavertown од Велика Британија, Oedipus Brewing, Oersoep, Kompaan, De Mollen, Cinema Brewers, De Prael, Bird Brewery, Walhalla Craft Beer, Two Chefs Brewing, Brouwerij Het Uiltje, Brouwerij Pampus, Oersoep, Brouwerij Maximus, Bierbrouwerij Emelisse и Brouwerij Kees од Холандија, Mikkeller од Данска, Omnipollo, Brekeriet и Beerbliotek од Шведска, Baladin, Toccalmatto, Brewfist, Extraomnes, Birrificio Civale, Hammer и Canediguerra од Италија итн итн.


Вртешка - постер
Времетраењето на фестивалот е од 12-22 часот, додека цената на влезницата е 350 динари односно 500 динари доколку се купи на самиот ден.

За повеќе информации следете ја Facebook страната на фестивалот како и Facebook настанот.

Извор: Svetpiva.rs

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар