Кригла Пиво

Врати од пивски шишиња

Valentin Blatz Brewing Company е поранешна американска компанија за производство на пиво која постоела од 1851 до 1959 година и била сместена во Милвоки. Во 1980 година, зградата на оваа компанија била пренаменета за станови и канцеларии, а улицата каде се наоѓала била позната како „The Blatz“.

Оваа градба сега е повторно реновирана од страна на проектантската куќа „Johnsen Schmaling Architects“ со нагласок на дел од историјата која ја носи во себе самата градба.

Главното по што е интересна за нас оваа градба е што вклучува серија на врати кои што се направени од празни пивски шишиња, како што може да се види на сликата. Некои од пивските шишиња се оригинални од старата пиварница кои биле пронајдени во неотворени кутии во подрумот на зградата. Доколку ве интересира целата сторија и подетални фотографии посетете ја страната од каде што и ние ја најдовме оваа приказна: www.archdaily.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар