Кригла Пиво

Вкусни колачи со Guinness пиво

Поминаа фестивалските денови на Пиволенд, а со тоа и едни од последните денови на летна забава. Иако сигурно сте презафатени на почетокот од септември, овде во Кригла Пиво решивме да ве опуштиме малку со еден сладок и вкусен рецепт за колачиња со Guinness пиво. Ако сте повеќе по чоколадна торта, претходно споделивме и таков рецепт 😉

Гинис брауни

Оригиналното име на овие колачи е Guinness brownies и иако македонскиот превод „браунис“ звучи чудно, сепак одбравме да го употребиме барем на едно место.

И ајде да започнеме: „За подготовка на овој рецепт, ќе ви бидат потребни околу 50 минути“ 😉

Потребни состојки:

  • 1 чаша сенаменско брашно
  • ¾ чаша какао прав
  • ¼ мала лажица сол
  • 6 мали лажици маргарин или путер
  • 200 гр. крупно исецкано темно чоколадо
  • ¾ чаша (100 гр.) исецкано бело чоколадо
  • 4 јајца
  • 1 чаша шеќер
  • 300 мл. Guinness пиво (доколку немате Гинис, употребете друго темно пиво)
  • 1 чаша сецкано (или крупно рендано) чоколадо за готвење
  • 1/8 чаша шеќер во прав

Подготовка:

Во поголем сад промешајте го сенаменското брашно, какаото и солта додека не се изедначи, додека во друг сад на ниска температура, стопете го маргаринот (путерот), темното и белото чоколадо, внимавајќи да не ви загори.

Во трет сад ставете ги јајцата и обичниот шеќер и мешајте со миксер 3 до 5 минути, а потоа додадете ја смесата со стопено чоколадо и маргарин и промешајте дури заедно не се соединат во еднолична смеса. Во оваа смеса постојано мешајќи, го додавате претходно измешаното брашно и какао и потоа додадете го пивото. Внимавајте пивото да не биде ладно, туку на собна температура и во смесата да не истурате пена.

На оваа смеса додадете го крупно сецканото чоколадо за готвење и истурете ја смесата во правоаголен сад, на мрсна хартија за печење.

Загрејте ја рерната на 190 степени Целзиусови и печете околу 25 до 30 минути.

Откако тестото ќе се испече, го сецкате на коцкести парчиња и декорирате со шеќер во прав.

Гинис брауни

Пробајте ги колачињава и споделете какви ви испаднале. После нив можете да се почестите уште една чаша темно пиво. До наредниот рецепт во Храна и Пиво, поздрав и наздравје!

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар