Кригла Пиво

Велигденска јајце салата (Два неодоливи рецепти)

Во тренд сме со настаниве, а и башка знаеме дека за Велигденските празници ќе имате вишок јајца кои сигурно не сакате да ги голтате така на суво 🙂 Затоа одлучивме да ви предложиме две салати кои се малку поинакви и можете да ги подготвите многу лесно, а одбравме токму две затоа што едната е за оние кои не милуваат месо во салатата, а другата е дефинитивно за гурмани. Треба да ви напоменуваме дека салатите со јајца одлично се комбинираат со пиво?

Велигденска јајце салата

Велигденска јајце салата #1

Потребни состојки:

8 варени јајца, излупени и ситно исецкани
1/2 чаша мајонез
1 голема лажица сенф
1 парче свеж целер, ситно исецкан (незадолжително)
¼ чаша ситно исецкан млад кромид
3 ситно исецкани кисели краставички
1 мала лажица свежо исецкан коријандер
буковец
сол и бибер по вкус
парчиња бел леб (селски ни е фаворит, а може и багет)

Начин на подготовка:

Во поголем сад измешајте ги сите состојки и сервирајте ја салатата на парчиња леб или во голема чинија доколку не сакате да ја јадете со леб. Лепчето можете малку да го потпечете, претходно намачкано со путер, доколку сакате да крцка.

Добар апетит!

Велигденска јајце салата #2

Велигденска јајце салата #2 (со сланина)

Потребни состојки:

10-12 варени јајца, ситно исецкани
¾ чаша мајонез
2 големи лажици сенф
сол и бибер по желба
1 мала лажица шеќер
½ чаша сланина, ситно исецкана (бирајте сланина со повеќе месо)
1 парче целер, ситно сецкан
½ мала лажица црвен пипер

Начин на подготовка:

На средно силен оган ја пржиме сланината додека не постане крцкава, околу 10 минути. Тргнете ја настрана, оставете ја да се олади цедејќи ја на парче хартиена салфета.

Во голем сад измешајте ги сите состојки и салатата е готова. Оставете ја само 1-2 часа во фрижидер, пред да ја послужите. Можете да ја комбинирате со кифлици или вашиот омилен леб.

Не заборавајте дека и оваа салата се послужува со чаша добро пиво или две 🙂

На здравје!

Рецепти и фотографии: pictureperfectmeals.com и www.cookingandbeer.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар