Кригла Пиво

Valar Morghulis е новото пиво од серијата „Game Of Thrones“

Пиварницата Ommegang и HBO започнаа со продажба на „Valar Morghulis“, пиво инспирирано од Arya Stark од ТВ серијата „Game Of Thrones“ и нејзината потрага по одмазда.

Valar Morghulis е новото пиво од серијата „Game Of Thrones“

Според описот пред излегувањето на пивото во продажба, „Valar Morghulis“ е белгиски Dubbel кој ја симболизира сласта на одмаздата како и опасните последици што произлегуваат од неа. Dubbel пивата се кафеави белгиски ales кои имаат сладок но силен вкус со процент на алкохол од 6% до 9%.

Ова е четвртото пиво од серијата „Game Of Thrones“, а претходно беа пуштени во продажба „Iron Throne“, „Take The Black“ и „Fire And Blood“.

Извор: winteriscoming.net

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар