Кригла Пиво

Utenos Friday: Промовирање на ново пиво

Utenos FridayКреативна кампања за промовирање на нов бренд на пиво од страна на Utenos Alus, пиварница од Литванија. Одредена количина од новото пиво била пуштена во оптек без име со цел потрошувачите да го пробаат и да сугерираат име кое најдобро го опишува новото пиво за кое потоа се гласа на нивната веб страна. Биле предложени 17.000 имиња, а регистрирани повеќе од 50.000 гласови. На крај убедлив победник било името Utenos Friday. Инспирација: Rebecca Black и нејзината песна Friday (Петок) која во моментот беше доста популарна на Интернет.

Погледнете го видеото каде го има целиот тек на кампањата и резултатите од истата:

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар