Кригла Пиво

USB мемориски стикчиња за љубители на пиво

Дали сте посакале да имате USB мемориски стик со лого на вашето омилено пиво? Брендираните стикови претставуваат одличен промотивен материјал за пиварниците од една страна, но и можност да се заработи од нивната продажба на фановите на тоа пиво.

Некои од нив се најобични само со логото од брендот, додека други се потрудиле да направат нешто креативно во форма на кригла, шише или лименка. Освен тоа имаме и стикови наполнети со пиво или стикчиња кои истовремено служат како отворачи. Во продолжение мала галерија со усб мемориски стикови кои ги пронајдовме на Интернет, а на некој начин се поврзани со пивото.

Објавено на 17.11.2011

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар