Кригла Пиво

Urban Music Festival во Прилеп

Urban Music Festival во Прилеп

После првото успешно издание, годинава по втор пат се организира „Urban Music Festival“ во Прилеп, еден малку поинаков настан под отворено небо, каде младите ќе можат да уживаат во урбаните музички звуци пред претстојниот Пивофест 2014.

Оваа година фестивалот се одржува на 11ти и 16ти јули на градскиот базен „Маркови Кули“. Првиот фестивалски ден е R’n’B – Hip & Hop вечер каде дел од програмата ќе бидат: Dj Irie Scratch, Dj Chvare, Dj Slave, Тони Зен, a главна ѕвезда на вечерта e њујоршкиот хип–хоп артист Dj RONDEVU.

Втората вечер од „Urban Music Festival“ која ќе се одржи на 16 јули, ден пред почетокот на Пивофест е под знакот на „White Sensation“ каде ќе настапат: Future INC, Igor Trips & David Kay, Dj ICKO (Antenna 5), Dj NIKIFOR (Antenna 5), а фестивалот ќе биде затворен со WESS од Хрватска & Александар Галоски. На двете вечери ќе има и ноќно капење за разладување 🙂

Картите се веќе во предпродажба по цена од 150 денари односно 250 денари за блок карта, а можат да се набават на промотивните штандови на „UMF“ во Прилеп, кафе бар „Вирус“ и на градскиот базен „Маркови Кули“.

Повеќе информации имате на официјалната Facebook страна.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар