Кригла Пиво

Untappd: Социјална мрежа за љубители на пиво

UntappdСекојдневното споделување информации со пријателите за тоа што правиме, каде се наоѓаме, како се чувствуваме или што слушаме добива нова димензија за љубителите на пиво.

Untappd е социјална мрежа која ни овозможува да споделуваме со пријателите во кое пиво уживаме во моментот и на која локација. Наједноставното објаснување за Untappd кое го користат креаторите е „Foursquare за пиво“, со тоа што овде фокусот е многу појасен, односно чекирање, рангирање и споделување на информации за пивото со пријателите. Исто како кај Foursquare, задржан е концептот на gamification со освојување/отклучување на беџови. Со нив се мотивираат корисниците повеќе да ја користат мрежата, да пробуваат нови и различни пива, но и одлична маркетинг алатка што можат да ја искористат пиварниците и пабовите за промовирање на своите производи.

Во базата засега има над 80.000 различни пива и таа секој ден се зголемува со додавање на нови брендови од страна на корисниците. При чекирањето можете да ги оценувате пивата, да коментирате и да прикачувате фотографии од нив. Untappd успешно се интегрира со Facebook, Twitter и Foursquare (што овозможува да се чекирате на саканата локација преку API-то на Foursquare) и да ги споделувате чекирањата и беџовите преку овие социјални мрежи. Социјалното доживување не би било комплетно без мобилните апликации за Android и за iPhone, a доколку не ги користите овие платформи можете директно да пристапите и на мобилната веб страна: m.untappd.com.

Од македонските пива ги има вклучено Скопско и Златен Даб кои што не се баш популарни пред се заради тоа што нема многу Македонци вклучено во заедницата. Доколку сте љубител и често конзумирате пиво, време е да се приклучите на Untappd.

Објавено на 24.11.2011

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

2 коментари

  1. dame November 24, 2011 во 3:48 pm

    Mesto poke ke ima prati pivo 😀

Додади нов коментар