Кригла Пиво

На Твитер најмногу се зборувало за Октоберфест 2012

Денеска завршува 169-тото издание на најпознатиот фестивал на пиво, Октоберфест во Минхен. Од отворањето на фестивалот на 21-ви септември се до пред неколку денови до неговото затворање, Октоберфест бил споменат 310.000 пати на интернет страните, блоговите, форумите и останатите социјални медиуми според мерењата на Salesforce Radian6 чиј софтвер набљудува повеќе од 150 милиони јавни интернет извори. Во Германија фестивалот бил споменат над 32.000 пати за разлика од САД каде што бил споменат повеќе од 210.000 пати.

Младата популација од 25 до 34 години учествувала со најмногу дискусии за Октоберфест, следена од средната генерација 35-44 години. Мажите дискутирале малку повеќе од жените според понудените статистички податоци.

Најмногу споменувања и дискусии за Октоберфест на глобално ниво имало на Твитер, многу повеќе од Фејсбук, блоговите, форумите и традиционалните медиуми. Од пиварниците, убедливо најспоменувана е Paulaner додека BMW е најмногу споменуван од останатите брендови кои се поврзуваат со Минхен.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар