Кригла Пиво

Tuborg бара помош од Facebook фановите за дизајнот на новите лименки

Tuborg побара помош од своите фанови на Facebook за дизајнот на новата лименка која ќе биде користена ова лето. Конечниот збор во врска со победничкиот дизајн ќе го донесе познатиот уличен уметник и цртач на графити од Лондон, Inkie.

Данскиот бренд на пиво, Туборг е познат по спонзорството на голем број музички фестивали низ Европа во текот на летото, каде сака да го привлече вниманието на помладата публика. Заради тоа е одлуката да се избере дизајн преку социјалните мрежи, да се осети пулсот на публиката и истовремено да се зближи со неа.

Предлозите се собираат до крајот на Март, а победниците ќе добијат бесплатни влезници на сите фестивали кои се под спонзорство на Туборг. Се разбира и можноста да бидат горди на својот дизајн кој ќе се појави на лимитираната едиција на лименки пиво.

Објавено на 25.03.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар