Кригла Пиво

Трејси МекГрејди во кинеска реклама за пиво

Трејси МекГрејди во кинеска реклама за пиво

Кошаркарската НБА ѕвезда, Трејси МекГрејди се појавува во најновата реклама за кинеското пиво Xuejin. МекГрејди кој оваа сезона играше за тимот на Аталанта Хавкс е поранешниот член на Торонто Репторс, Орландо Меџик, Хјустон Рокетс, Њујорк Никс и Детроит Пистонс. Се претпоставува дека во рекламата се појавува благодарение на неговиот поранешен соиграч од Хјустон, најпознатиот кинески кошаркар, Јао Минг.

Во рекламата, Трејси МекГрејди е замолен од група млади момчиња да им ја симне топката која е заглавена помеѓу таблата и обрачот. Но, човекот кој што има учествувано и на натпреварот за забивање на успева да ја досигне топката со пакување пиво во едната рака. Што ќе се случи понатаму видете во видеото со рекламата.

Објавено на 25.05.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар