Кригла Пиво

Тортиљи со пиво

Мексиканската храна е навистина добар придружник на кригла ладно пиво, па затоа овојпат споделуваме еден навистина едноставен рецепт за подготвување на домашни тортиљи со пиво, кои може да ги наполните со состојки кои вас ви се највкусни.

Пивски тортиљи

Потребни состојки:

  • 320 грама брашно
  • 1 мала лажица сол
  • 110 грама маст
  • 200 мл. топло пиво (по можност пченично)

Начин на подготовка:

Во голем сад измешајте ги брашното и солта. Додадете ја маста и убаво изработете ги грутките дури да се добие еднолична смеса, а ова најдобро можете да го направите со раце.

Пивото треба да биде млако и истото го додавате во смесата, мешајќи постојано со вилушка за да не се формираат ситни грутки од брашното. Додадете уште малку пиво доколку има потреба. Тестото треба да биде светкаво и малце здрвено, но никако цврсто. Го оставаме тестото во садот, покриено со крпа да отстои од 30 минути до 1 час.

Од тестото формирајте топки со големина на топчињата за пинг-понг, но немојте да играте со нив 🙂 туку оставете ги повторно одделени во посебен рамен сад да отстојат уште 30 минути.

Топчињата размесете ги со сукало на површина со брашно, набрашнете ги од двете страни и печете на загреана тава на средно силна рингла, околу 1 минута и од двете страни. Доколку ги препечете, тортиљите ќе ви бидат крцкави.

Комбинацијата на овие домашни тортиљи е ваш избор, а наша препорака е марула, домат, ситно сецкано и пржено пилешко, некоја крем салата или мајонез, кисели краставички и мнооогу други вкусни додатоци. Пивото е исто така ваш избор 🙂

Убав викенд и на здравје.

Рецепт и фотографија: thebeeroness.com 

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар