Кригла Пиво

Топено сирење со печен лук и пиво

Кригла Пиво Септември 28, 2012 Кригла Храна Нема коментари

Самиот наслов на рецептот ни прозвучува егзотично, но верувајте се работи за навистина едноставен рецепт и мноооогу вкусно топло предјадење. Ова макало, може да го конзумирате со вашето омилено лепче или со домашно подготвени фурнарини со сусам, сето тоа исплакнато со светло пиво по ваш избор.

Топено сирење со печен лук и пиво

Потребни состојки:

  • 2 големи главици лук
  • 2 големи лажици маслиново масло
  • 350 грама фета сирење
  • 1 чаша пармезан
  • 200 грама кашкавал (гауда или моцарела)
  • 1 чаша пиво
  • 1 мала лажица чили сос
  • ½ мала лажица сол
  • ½ мала лажица бибер
  • 1 голема лажица брашно

Начин на подготовка:

Пресечете ги врвовите на главиците лук и ставете ги во одделни парчиња алуминиумска фолија. Напрскајте го лукот за маслиново масло и завиткајте ги главиците со фолијата. Двете парчиња фолија ставете ги на тава за печење и печете во рерна 30-тина минути на 220 степени Целзиусови. Откако ќе се испече лукот, го оставате да се олади.

Во блендер, ставете го фета сирењето, ¾ чаша пармезан, гаудата или моцарелата, пивото, чили сосот, солта, биберот и брашното. Исчистете го лукот од лушпите и ставете ги главиците во блендерот, сецкајќи додека смесата не се соедини.

Смесата од сирење, лук, пиво и зачини, ставете ја во помало стаклено огноотпорно тавче или мала земјена тава и одозгора попрскајте ја останатата ¼ чаша пармезан. Печете го сирењето  на температура од 180 степени, се додека сирењетп не се растопи и не добие убава златно-жолта боја одозгора.

Добар апетит!

Рецепт и фотографија: thebeerones.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар