Кригла Пиво

Топен кашкавал со пиво и зелени јаболка

Повторно нов предлог рецепт за добра дружба со пријатели со ладно пиво 😉

Насловот овојпат го кажува и самиот рецепт и без понатамошно должење, ви го преставуваме ова интересно мезе, особено интересно доколку сакате да импресионирате некој, кој не се плаши да експериментира во исхраната и да пробува нови работи.

Багет лепчиња со топен кашкавал, пиво и зелени јаболка

Потребни состојки:

1 леб багет, поделен на три дела и секое парче исечено на пола (вкупно 6 парчиња)
2 ½ големи лажици солен путер
2 ½ големи лажици сенаменско брашно
180 мл. темно пиво
400 гр. кашкавал чедар, крупно изрендан
1 голема лажица сенф
1 голема лажица ворчестер сос
сол и бибер по желба
1 поголемо зелено јаболко исечкано на потенки месечинки

Начин на подготовка:

Во тава за печење ставете алуминиумска фолија (сјајната страна нагоре) и наредете ги парчињата леб со исечената страна надолу. Малку потпечете го лепчето (околу 2 мин.) и извадете го од релната. Со рацете тргнете дел од мекиот дел на лебот (средината), доволно за да направите место за преливот.

Во друг сад стопете го путерот на средно-висока температура и гответе додека не стане златно жолт и не почне да создава меурчиња од температурата. Додадете го брашното и мешајте со маталка додека смесата не стане еднолична и кафенишкава. Додадете го пивото и мешајте, а потоа намалете ја јачината на оганот и непрестано мешајте додека не добиете згусната и еднолична смеса.

Намалете ја температурата на садот со пивото, брашното и путерот и додадете го кашкавалот, сенфот и ворчестер сосот, мешајќи непрекинато додека не се соединат сите состојки. Додадете сол и бибер по вкус.

Откако преливот ќе биде готов, прелијте ги лепчињата багет на средината. На крај ставете неколку парчиња зелено јаболко над преливот и ставете ги лепчињата во рерна да се допечат уште 2 до 4 минути.

Лепчињата со прелив од кашкавал и пиво сервирајте ги топли со вашето омилено пиво. На здравје 🙂

Рецепт и фотографија: www.foodrepublic.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар