Кригла Пиво

Топ 10 пива на Facebook

Оливер Новески March 14, 2012 е-Кригла 1 Comment on Топ 10 пива на Facebook

Во пресрет на ирскиот празник „Свети Патрик“, Social Media Today реши да направи еден осврт на најпопуларните 10 пива што се присутни на Facebook. Анализата е правена врз основа на бројките што се достапни од Track Social, кои се занимаваат со аналитика на брендовите на најпопуларните социјални мрежи.

Со мала анализа заклучивме дека во податоците фалат неколку познати и значајни брендови, па со мануелна проверка ги најдовме и нивните бројки. Искомбиниравме нешто со цел да добиеме пореална претстава за топ 10 пивата на Facebook, а доколку забележите уште некој голем бренд што го нема во листата слободно пишете ни коментар.

10. Carlsberg – 441.269+ фанови
Малку чудно, но големиот пивски бренд од Данска се наоѓа на десеттата позиција со „само“ нешто повеќе од 400.000 фанови. Тоа е неочекувано со оглед на тоа дека се спонзори на неколку големи фудбалски тимови и спонзори на престојното европско првенство во фудбал што ќе се игра во Полска и Украина за кое што организираат голем број рекламни кампањи и наградни игри каде обезбедуваат патувања на истото за своите фанови.

9. Stella Artois – 503,850+ фанови
Доколку сте од Канада или од Њујорк ќе имате шанса да бидете примени во ексклузивниот „La Societe club“, во спротивно ќе мора да се задоволите со останатите содржини кои што ги нудат на социјалните мрежи. Како и повеќето големи брендови, така и Stella имаат неколку ограноци во другите држави со голем број фанови како Stella Artois USA, Stella Artois Argentina или Stella Artois UK.

8. Guinness – 504.900+ фанови
Кога зборуваме за темно пиво сигурно веднаш помислуваме на ирското пиво Гинис и логично е меѓу најпопуларните светски пива на Фејсбук. Овде податокот е земен за страната на Guinness во Велика Британија САД, додека официјалната глобална страна има бројка од 288.000+ фанови. На тоа треба да се придодадат 300.000+ фанови од Guinness Ireland и Guinness Indonesia, како и од другите ограноци со помал број на фанови.

7. Brahma – 565,573+ фанови
Со ова бразилско пиво се запознавме преку рекламата во која учествува Џенифер Лопез, а очигледно е дека е доста популарно во својата земја. Повеќе информации тешко се наоѓаат поради тоа што не го користат англискиот јазик, а поради истото можно е уште некое бразилско пиво со предзнак Brahma да се квалификува за оваа листа, но тешко беше да ги разликуваме.

6. Corona – 1,042.082+ фанови
Во САД важи за едно од најпопуларните пива, а за привлекување на што повеќе фанови ја имаат забавната апликација „Beach Break“ со која се освојуваат поени кои потоа носат најразлични подароци со логото на Corona. Како што можете и да претпоставите подароците можат да се добијат само во САД. Освен главната страна, лајт верзијата Corona Light има посебна страна која брои повеќе од 300.000 фанови.

5. Coors Light – 1,313.214+ фанови
Според информациите, Coors Light има повеќе од 1 милион фанови, но ние не можевме да пристапиме до нивната официјална страница, па останува да им веруваме на овие податоци. Она што ни беше достапно е фб страницата на The Coors Light Brewing Company која има помалку од 150.000 фанови. Што се однесува до квалитетот на пивото и самите Американци признаваат дека е на ниско ниво, впрочем како и повеќето нивни пива.

4. Budweiser – 1,758.433+ фанови
Главната Фејсбук страна има повеќе од милион ипол фанови, но тука не треба да се заборават ниту ограноците во другите земји кои исто така имаат огромна база на фанови. Само да ги споменеме Budweiser Brazil со 500.000+ фанови, Budweiser UK со 100.000+ фанови исто колку и Budweiser Paraguay. Агресивната кампања на сите полиња која со години наназад ја водат очигледно е дека дава резултати.

3. Bud Light – 2,516.708+ фанови
Можеби не ја апдејтираат често нивната фејсбук страна, но затоа имаат огромна база на фанови пред се поради спортските апликации со кои ги наградуваат своите корисници. Тука можеме да ги споменеме и фејсбук страните на Bud Light Lime, пивото со вкус на лимон со 400.000+ фанови и новото Bud Light Platinum со 100.000+ фанови добиени за краток временски период.

2. Skol – 3,596.071+ фанови
Уште едно бразилско пиво за кое тешко дека некој слушнал, но затоа имаат повеќе од три ипол милиони фанови. Ако ја посетите фб страната ќе видите дека на секоја слика или линк што го поставуваат имаат по илјадници лајкови и стотици споделувања. Претпоставуваме дека имаат верна публика што цело време ги поддржува на социјалните мрежи.

1. Heineken – 6,053,164+ фанови
Што да се каже за Heineken? Бројките сами зборуваат за тоа колку се популарни на Интернет. Имаат скоро двојно повеќе фанови од второпласираниот бренд, а на Кригла Пиво се убедливо најзастапени со нивните реклами, промотивни кампањи и Фејсбук апликации. Тука ќе ги споменеме само: Heineken Serenade, социјалната божиќна елка, Star Player и Heineken Sunrise.

Сигурно ќе се запрашате како стојат македонските пива на полето на социјалните медиуми? Многу лошо, слично како што беше со SEO оптимизацијатa, но ајде да оставиме простор за цел напис наскоро на оваа тема.

Објавено на 14.03.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Основач и главен уредник на Кригла Пиво. Дипломиран економист на отсек е-бизнис, преокупиран со интернет маркетинг и нови медиуми. Во слободно време ужива во добро пиво со добра музика или некој спортски натпревар.

1 коментар

  1. Текнувало March 15, 2012 во 6:03 pm

    Кај е Мајсторско ебаго?

Додади нов коментар