Кригла Пиво

Маркетинг

Интерактивна кампања на Grolsch

Интерактивна кампања на Grolsch

Холандскиот бренд на пиво Grolsch реализираше нова интерактивна кампања со која жителите на Англија, Велс и Северна Ирска имаат можност да добијат бесплатно пакување од 4 шишиња пиво со испраќање на смс порака. Полицискиот офицер Journt Von Deg, измислениот карактер од рекламата е прикажан како седи во еден мрачен бар, гледа директно во вас, а [...]

August 17, 2012 Кригла Пиво Кригла Маркетинг 0

Heineken: Џејмс Бонд пакување во октомври

Heineken: Џејмс Бонд пакување во октомври

Heineken во чест на 15-годишното партнерство со Џејмс Бонд и излегувањето на новиот филм „Skyfall“ ќе реализира повеќе промотивни активности од септември до ноември во САД. Ова ќе биде 23-тиот по ред филм од Џејмс Бонд серијата, а во главната улога ќе биде актерот Daniel Craig. Премиерата во САД е закажана за 9 ноември. Најпрво [...]

August 10, 2012 Кригла Пиво Кригла Маркетинг 0

Heineken сака да го подобри искуството со точеното пиво

Heineken сака да го подобри искуството со точеното пиво

Heineken продолжува со потрагата по нови искуства за љубителите на пиво. После конструирањето на ноќен клуб од иднината, следно на „Heineken Ideas Brewery“ е иновацискиот предизвик за подобрување на искуството со точеното пиво – Draught Beer Challenge. Предизвикот е отворен од 31-ви јули и ќе трае до 28-ми септември кога ќе бидат одбрани 6 финалисти [...]

August 8, 2012 Оливер Новески Кригла Маркетинг 0

Corona Light со Фејсбук апликација ве поттикнува да ја разбиете дневната рутина

Corona Light со Фејсбук апликација ве поттикнува да ја разбиете дневната рутина

Се сеќавате на хумористичните реклами на Corona Light со „Stan“ и „Mark“? Како нивно продолжение, Corona ја лансираше Фесјбук апликацијата која треба да ви помогне да излезете од дневната рутина. Со „Rut Buster!“ можете да креирате и споделувате персонализирани видео монтажи за вашите Фесјбук пријатели со кои ќе ги поттикнете да излезат од својата монотона [...]

July 2, 2012 Кригла Пиво Кригла Маркетинг 0

Guinness подморница

Guinness подморница

Архитектонското биро Jump Studios од Лондон го комплетираше внатрешниот дизајн на Guinness подморницата каде ќе биде сместен првиот подводен пивски бар. Подморницата веќе се наоѓа во длабочините на Балтичкото море во Стокхолмскиот архипелаг. Идејата била да се отслика пораката на Гинис „Alive Inside“ и да се долови едно поинакво чувство кога се движите низ морските [...]

May 17, 2012 Кригла Пиво Кригла Маркетинг 0

Пиво од iPad

Пиво од iPad

Во своите маркетинг кампањи досега Apple прикажа доста иновативни работи за тоа како може да се користи iPad таблетот. Но, што би рекле за апликација која може да точи пиво? Магија? Сепак, само добро извежбан трик кој ќе ги насмее посетителите и ќе изнуди насмевка кај гледачите. Видеото е снимано во светски познатата пивница „Hofbraeuhaus“ [...]

April 28, 2012 Кригла Пиво Кригла Маркетинг 0

Newcastle Brown Ale: Реклами без глупости

Newcastle Brown Ale: Реклами без глупости

Англискиот бренд на пиво Newcastle Brown Ale започна со хумористична и агресивна кампања на територијата на САД со која меѓу другото ги исмеваат останатите пива и нивните реклами. На еден од нивните надворешни постери директно атакуваат на Stella Artois и нивната реклама со „Chalice“ чашата за пиво. Кампањата која вклучува телевизиски, печатени и реклами за во пабовите [...]

April 5, 2012 Кригла Пиво Кригла Маркетинг 0

Топ 10 најпопуларни реклами на Guinness

Топ 10 најпопуларни реклами на Guinness

Гостински пост на Ива Дујак. Компанијата Unruly Media ги издвои дваесетте највирални видео реклами од осумдесет годишната историја на промовирање на Guinness пивaта. Иако во листата се малку повеќе фаворизирани скорешните реклами, сепак во овој избор може да најдат и неколку одлични класици. Ви ги претставуваме десетте најпопуларни Guinness реклами, вистинско уживање за сите љубители [...]

April 3, 2012 Кригла Пиво Кригла Маркетинг 0

Пиварата Hahn ги решава сите ваши проблеми поврзани со пивото

Пиварата Hahn ги решава сите ваши проблеми поврзани со пивото

Гостински пост на Ива Дујак Австралиската пивара Hahn постојано пронаоѓа интересни начини да ги промовира своите пива. Додека минатата година тие ни покажаа колку процесот на производство на нивото пиво е навистина креативен преку кампањата „Pioneering Beering“, оваа година тие одлучија да престанат да се фалат, и да се свртат кон нивните потрошувачи. Наместо директно [...]

March 26, 2012 Кригла Пиво Кригла Маркетинг 0

Budweiser: Winnipeg Jets Fan Brew

Budweiser: Winnipeg Jets Fan Brew

Канадската подружница на Budweiser е официјален спонзор на канадскиот хокеј тим Jets, кој после 15 години се врати да игра во градот Winnipeg. Во чест на ова враќање тие решија да направат специјално пиво наречено Winnipeg Jets Fan Brew. За таа цел, Budweiser наполнија 3 големи затворени садови со вода собрана од различни значајни локации [...]

March 9, 2012 Кригла Пиво Кригла Маркетинг 0