Кригла Пиво

Свински ребра во сос од пиво

Свински ребра во сос од пиво

Состојки за 4 лица:

  • 900 г. свински ребра
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 чили пиперче
  • 0.3 л. пиво
  • сол, бибер, зејтин

Начин на подготовка:
Свинските ребра се чистат од вишокот маснотии, им се додаваат сол и бибер и се пропржуваат околу 10 минути на скара (само малку да се карамелизираат) или во тавче.

Во една подлабока тава се става зејтин и се пропржуваат кромидот и ликот. Потоа се додаваат ребрата кои што се заливаат со пивото, се додава исчистеното и исецкано чили пиперче. Се поклопува со еден капак и се остава околу 15 минути односно додека месото не омекне.

Може да се послужат со печени компири во фолија, полни со крем сирење и исецкан копар.

Уживајте во јадењетo и доколку го подготвите испратете ни некоја фотографија 🙂

Извор: Пивница.нет

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар