Кригла Пиво

Струмица опен фестивал 2012

Струмица опен фестивал

Со ликовна колонија на Градскиот плоштад, театарски претстави во амфитеатарот и вечер на поезијата во Градскиот парк, на 13 август за прв пат ќе започне големата културно-забавна манифестација Струмица опен фестивал која ќе трае до 20-ти август. Струмица опен фестивал или како што го нарекуваат организаторите, фестивал на музика, пиво и храна ќе има 3 главни фестивалски денови исполнети со богата музичка програма:

16-ти aвгуст, четврток

  • Суперхикс
  • Дани Димитровска
  • Прљаво Казалиште

17-ти август, петок

  • Нокаут
  • Петар Ренџов и Тумбао Салса
  • Ристе Тевдоски
  • Харис Џиновиќ

18-ти август, сабота

  • ITCH
  • Влатко Лозаноски
  • Миле Кузмановски
  • Оркестар Агушеви
  • Цеца Ражнатовиќ

Според официјалната веб страна:

Идејата за организација на ваков проект потекна од иницијатива на многу граѓани на град Струмица. Главната цел е збогатување на летната културно-забавна програма, презентирање на својот град пред домашните гости и пред многуте наши иселеници кои секоја година во овој период го користат својот годишен одмор, во родниот град.

Граѓаните на Струмица, како и граѓаните од другите градови од Македонија и странство, ќе ја имаат уникатната можност да добијат бесплатна забава, превкусна традиционална храна и пијалоци. Основна и главна стратегија на овој проект е доближувањето на традицијата и модерното живеење, доближување на различни филозофии и начин на живот. Ова е забавна манифестација која ќе се обиде да спои две различни филозофии на живеење: едната многувековна, исконска, традиционална, позната за Македонија, а од друга страна е современата, денешната, модерната филозофија на живот.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

2 коментари

  1. kapina August 16, 2012 во 11:51 am

    Од колку часот ќе почнат со свирка Суперхикс?

  2. Кригла Пиво August 16, 2012 во 12:14 pm

    Музичките концерти започнуваат од 21.00 часот. Суперхикс според програмата би требало да бидат први

Додади нов коментар