Кригла Пиво

Stella Artois со божиќен џез албум

Stella Artois - божиќен џез албумМинатата година, Stella Artois ги изненади своите фанови подарувајќи им бесплатно преземање на песната „Les 12 Jours de Noel“. Оваа година белгискиот бренд на пиво отиде чекор понапред и сними цел албум со традиционални божиќни песни во џез преработки кој наскоро ќе биде достапен за бесплатно преземање.

Албумот се вика „Under The Holiday Star“ и содржи 8 песни обработени во стилот на шеесеттите години од минатиот век меѓу кои и 2 оригинални песни. Албумот кој што е снимен во Лос Анџелес, Њујорк и Париз е замислен како LP со по 4 песни на двете страни и омот кој што се вклопува во стилот на рекламните кампањи на Stella Artois со навраќање на стилот од 60-тите и 70-тите години. На омотот е девојка во црвен фустан која што седи на фотелја од мраз и слуша музика од грамофон исто така направен од мраз. Автентичноста се потврдува и со користење на опрема за снимање и инструменти од тоа време. Втората песна од албумот The Nutcracker March веќе може да се спушти од официјалната веб страна на Stella Artois.

Именувани по божиќната ѕвезда (Stella значи ѕвезда на латински), Stella Artois за прв пат е произведено во 1926 година како божиќно пиво како подарок за жителите на Leuven во Белгија. Вториот дел од името, Artois доаѓа од мајсторот и сопственикот на пиварата Sebastian Artois.

Листа на песни:
1. Deck the Halls
2. The Nutcracker March
3. Winter Wonderland
4. Jingle Bells
5. Baby It’s Cold Outside
6. Snowball
7. Let’s Call It Quits
8. Auld Lang Syne

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар