Кригла Пиво

Stella Artois ве запознава со Carole

Stella Artois ве запознава со Carole

Божиќните и новогодишните празници што ни се приближуваат се инспирација за многу пивски брендови да поработат на својoт маркетинг. Минатата година Stella Artois ни подари бесплатен музички албум, а годинава не запознава со нивната нова девојка, Carole. Со апликацијата на нивната веб страна или на официјалната Фејсбук страница, можете да ја испратите Carole да им пее на вашите пријатели. Доколку не сакате да ја „делите“ со пријателите, можете и сами да си ја поканите Carole кај вас 🙂 За жал, за вистинското доживување да биде целосно потребно е да внесете адреса што се наоѓа во САД, Carole нема да ви дојде да ви пее во Македонија.

Освен оваа апликација, Stella Artois ја претстави и новата зимска реклама која засега можете да ја гледате само на нивната веб страна од каде што може да ја симнете и песната од рекламата.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар