Кригла Пиво

Spencer Ale, првото трапист пиво произведено во САД

На почетокот од оваа година, манастирот „St. Joseph’s Abbey“ од Spencer го претстави првото Трапист пиво во САД, Spencer Ale. Овај манастир е само еден од десетте во светот кој има дозвола да ја стави етикетата за автентичен трапист продукт.

Spencer Ale, првото трапист пиво произведено во САД

Бидејќи досега немаме пишувано ништо на темава, накратко за овие производи. Трапист (Trappist) не е вид на пиво туку ознака дека е продукт од манастирите од меѓународната трапист асоцијација кои припаѓаат на „Order of Cistercians of the Strict Observance“ и продаваат свои производи со цел да соберат пари за нормално функционирање на своите манастири и да им помогнат на тие што имаат потреба од помош. Освен пиво, под етикетата на трапист има и други алкохолни пијалоци, сирење, леб и чоколадо.

Spencer Ale, првото трапист пиво произведено во САД

„St. Joseph’s Abbey“ е првиот манастир надвор од Европа кој смее да ја користи етикетата за своето пиво. Во Холандија има шест вакви манастири, во Белгија два и една во Австрија. Една од најпознатите линии на трапист пива е Chimay кои се произведуваат во „Scourmont Lez Chimay“ во Белгија.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар