Кригла Пиво

Одбележување на Social Media Day во Македонија

Во сабота на 30-ти јуни, за прв пат во Македонија ќе биде одбележан светскиот ден на социјалните медиуми со караван кој ќе обиколи 4 града: Скопје, Прилеп, Тетово и Куманово. Social Media Day се одржува веќе трета година по иницијатива и организација на блогот Mashable и неговата огромна заедница на корисници во повеќе од 460 градови на сите континенти. Организацијата кај нас е во режија на New Media MK и како што велат во написот на komunikacii.net:

Без грижа, не бараме многу, само желба за дружба и размена на искуства. Во сабота, на 30 јуни едно комбе полно со „зависници” од социјални медиуми ќе се упати во три града низ Македонија каде заедно со локалната заедница ќе се дружат и споделуваат знаења. Заради технички причини моравме учесниците на ова „роуд шоу” да ги договориме однапред. Еве ги оние кои ќе бидат задолжени да привлечат што е можно повеќе луѓе да се појават на средбите во градовите: Ива Дујак (@notsocialmedia), Андреј Шевченко (@cchevymk), Сеад Џигал (@sead93), Василка Димитровска (@arheoblog), Мартин Димовски (@lacialec), Виктор Стојановски (@zuberot), Јована Тозија (@jovanatozija) и Иван Димоски (@MedoDimoski) и како организација јас (@darko156) и Наталија (@natalija).

Како поддршка на настанот тука се: @olivermk, @commieMK, @ssanja4 и @DzaBest.

Деталната агенда е следна:

– 09.00 Тргнување од Скопје (место на поаѓање Железничка станица)
– 12.00 Прилеп – Клуб Калипсо (старо Габијано) (FB настанMeetup)
– 16.00 Тетово – Кафе Амнезија (FB настанMeetup)
– 19.00 Куманово – Ирски Паб (FB настанMeetup)
– 21.00 Скопје – Кафе Излет (FB настанMeetup)

Твитер тагови што ќе се користат: #smday #smdaymk

 

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар