Кригла Пиво

Новото најсилно пиво во светот – Snake Venom

Кригла Пиво October 24, 2013 Кригла Пиво Comments Off on Новото најсилно пиво во светот – Snake Venom

Шкотската пиварница „Brewmeister Brewery“ која што е лоцирана во близина на Aberdeen и е водена од John MacKenziе и Lewis Shand по втор пат едноподруго го сруши рекордот на најсилно пиво во светот. Тие денеска соопштија дека го произвеле „Snake Venom“ кое содржи дури 67,5% алкохол. Со тоа го срушија сопствениот рекорд од пред 1 година кога беше произведено „Armageddon“ со 65% алкохол.

Новото најсилно пиво во светот - Snake Venom

Основачите на пиварницата изјавиле за шкотскиот Daily Record дека новото пиво го креирале откако потрошувачите искоментирале дека „Armageddon“ е премногу слабо. „Snake Venom“ доаѓа со жолта етикета за внимание и тие што го консумираат се предупредени дека не треба да претеруваат со пиење на ова пиво. Процесот на развој траел 9 месеци.

Да се потсетиме и на борбата за најсилно пиво низ овие неколку години која започна пред 4 години кога BrewDog го лансираше своето пиво Tactical Nuclear Penguin со 32% алкохол. Потоа германската пиварница Schorschbräu го произведе Schorschbock со 40% алкохол. Овие 2 пиварници се натпреваруваа со уште неколку нивни пива, секое следно со поголем процент на алкохол се додека холандскиот пиво производител Koelschip во 2010 година не го претстави пред јавноста Start the Future пивото со 60% алкохол. 
Минатиот октомври на јавноста и беше претставено Аrmageddon како најсилното пиво во светот со 65% алкохол.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Коментарите се затворени.