Кригла Пиво

Скулптура во форма на гигантско Гинис пиво

Дрвена скулптура во форма на гигантско Гинис пиво со мотиви од историјата на најпознатото ирско пиво е поставена во Guinness Storehouse, туристичка атракција лоцирана во пиварницата во Даблин. Висока е повеќе од 3.6 метри, тешка околу 2 тона, а на неа работеле околу 20 уметници.

Дрвена скулптура во форма на гигантско Гинис пиво

Целиот проект е осмислен од Jonathan Santana и Xander Smith од агенцијата Saatchi & Saatchi од Лондон, додека изработката на финалната скулптура му била доделена на David Wilson од Blinkart кој соработувал со повеќе илустратори и скулптори. Скици и фотографии од проектот можете да погледнете на веб страната од Creative Review, а подолу е краткиот филм од изработката на ова монументално дело.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар