Кригла Пиво

Скопско Радлер – прво македонско пиво со вкус на лимон

Скопско Радлер е новото пиво од Скопската пивара и првото македонско пиво со вкус на лимон. Освежителните, а особено овошните вкусови се хит на странските пазари во последно време и прашање на време беше кога ќе се појави некој наш бренд.

Поимот Radler се поврзува со германскиот гастроном Franc Xavier Kugler кој во 1922 година за првпат одлучил да ги помеша пивото и лимонадата со што постигнал неверојатно ново искуство.

Наменет е за младите луѓе кои сакаат да пробуваат и да конзумираат нови и модерни пива. Ќе се продава во стаклена амбалажа од 0,33 л. и во голема лименка од 0,5 л.

„Од традиционалните пиварски мајстори на нашето супериорно Скопско, со лидерски поттик на нашиот иновациски тим, го создадовме Скопско Радлер како спој на најсаканото пиво на пазарот и сок од лимон. Производот е создаден за млади, активни луѓе кои се во потрага по совршено освежување. Веруваме дека оваа пропозиција ќе биде ултимативното освежување ова лето” изјави Диедерик Калф, комерцијалниот директор на „Пивара Скопје“ АД.

Објавено на 12.04.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар