Кригла Пиво

Скопско

Скопско пиво на Пивара Скопје претставува комбинација од најквалитетни состојки, многу љубов и долгогодишна традиција. Скопско е еден од најпознатите македонски брендови и синоним за квалитет, постојаност, традиција, доверба и уникатност. Има златно-жолта боја, цврста бела пена и го претставува добро познатиот слоган „Вкусот на Македонија“.

Од 1978 година, Скопско пиво е добитник на златни медали од „Monde selection”, една од најрепрезентативните организации за проверка на квалитетот на пијалаците и прехранбените производи во светот. Во 2010 година, на 49-тата по ред светска селекција на квалитет на пијалаци и прехранбени производи, Скопско во стаклена амбалажа од 0,5л и 0,33л го понесе трофејот за највисок квалитет со кој се потврдува дека „Вкусот на Македонија“ е воедно еден од најдобрите во светот. Во конкуренција од рекордни, близу 2.000 производи од 83 земји ширум светот, Скопско е единственото пиво од поширокиот регион кое го доби ова високо признание за квалитет.

Се полни во:
– Стаклена амбалажа од 0,33 л.
– Стаклена амбалажа од 0,5 л.
– Лименка од 0,33 л.
– Лименка од 0,5 л.
– Магнум. Пластична амбалажа од 1,5л.

Официјална веб страна: www.skopsko.com.mk