Кригла Пиво

Скопско пиво со 4 златни медали на „Monde selection“

Скопско пиво e годинешен добитник на 4 златни медали од Институтот за селекција на квалитет „Monde selection“, една од најрепрезентативните организации за проверка на квалитетот на пијалоците и прехранбените производи во светот, признаена од Европската Унија.

Скопско пиво со 4 златни медали на „Monde selection“

Високата награда за квалитет Скопско ја доби во конкуренција од над 3.000 производи од 80 земји ширум светот. Во категоријата на пива, Скопско е единственото од поширокиот регион кое на годинешната селекција е наградено со златен медал за највисок квалитет. Во светски рамки, покрај Скопско, наградени сѐ уште само десетина пива.

Од првиот медал од „Monde Selection“ доделен уште во 1978-та година, па сè до денес, континуираниот висок квалитет на Скопско е награден со над 200 медали, трофеи и останати високи меѓународни признанија. Ваквото врвно достигнување е доволен повод за Пивара Скопје АД да отпочне со програма наречена „Ние го сакаме пивото“, чија цел е негување на пивската култура во земјава и ширење на позитивната приказна за пивото, започната пред 7.000 години.

„Исклучително сум задоволен од успехот што во континуитет го постигнуваат СКОПСКО и останатите наши пивски брендови. Тој успех во глобални рамки е резултат на нашата заедничка посветеност да ги произведеме и да им ги направиме достапни на нашите потрошувачи најдобрите пива на светот, пива со исклучителен и потврден квалитет, пива кои го дефинираат пазарот и сите нас во Пивара Скопје не прават исклучително горди што на различен начин учествуваме во нивното создавање”, изјавил Генералниот директор на Пивара Скопје АД, Јаак Микел, на настанот што се одржал во Пивара Скопје АД, а на кој присуствувале сите оние кои учествуваат во создавањето на пивото, како и оние кои овозможуваат да стигне до потрошувачите.

 

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар