Кригла Пиво

Bud Light: Пинг-понг со Шварценегер

Bud Light: Пинг-понг со Шварценегер

Не сме нешто импресионирани со годинешните реклами за Super Bowl натпреварот, па како нешто интересно останува да го издвоиме појавувањето на Арнолд Шварценегер во рекламата за Bud Light каде игра пинг-понг со главниот херој кој „случајно“ е избран да има неверојатна вечер. На крајот Шварценегер ќе го изгуби поенот односно натпреварот и во тој момент ѕидот се руши и се отвора голема забава на која настапува популарниот тинејџерски бенд One Republic.

Рекламата е дело на маркетинг агенцијата BBDO и несомнено ќе доживее голем успех поради приказната и популарните личности кои што се појавуваат. Дали можеби и вас идејата ве потсетува на „The Hangover“ филмовите?

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар