Кригла Пиво

Северина во реклама за Лашко Златорог

Северина во новата реклама на Лашко пивоХрватската пејачка Северина Вучковиќ е главна актерка во новиот рекламен спот на словенечката Pivovarna Laško со која се претставува дволитарското пакување на пивото Laško Zlatorog. Со длабоко деколте и заводлив поглед навидум обичното пиво се „запалува“ и се претвора во пластично шише од 2 литри. Секси реклама во веќе добро познат стил кој секогаш пали кај народот. Уште повеќе ако се знае дека кампањата не е наменета за Словенија туку за останатите балкански држави, веднаш станува јасно од каде овај пристап. Сепак, Кригла Пиво секогаш очекува поинвентивен пристап од пивската индустрија па макар и за овие наши простори. Дотогаш ова ќе биде само уште една обична реклама за пиво.

Рекламата е продукт на агенцијата Luna TBWA.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар