Кригла Пиво

Северина ќе биде главна музичка ѕвезда на Пивофест 2017

Северина ќе биде главна музичка ѕвезда на Пивофест 2017
Хрватската музичка ѕвезда Северина ќе настапи на затворањето на фестивалот на пивото во Прилеп на 16-ти јули. Ова е второ гостување на познатата пејачка на Пивофест, а покрај неа засега е познато дека ќе настапуваат и Харис Џиновиќ кој ќе пее третата вечер, Амадеус Бенд, Ален Исламовиќ, Елена Велевска, Нокаут, Еye Cue, Џамбо Агушеви оркестар, Психомодо Поп и Дон Минот. Со ова полека се комплетира програмата на фестивалот, но секако тоа не значи дека во наредните денови ќе има уште некои изненадување за сите оние што планираат да го посетат Пиво фест оваа година.

Потсетуваме дека 15-тото издание на фестивалот ќе се одржи од 13-ти до 16 јули на добро познатата локација, центарот на Прилеп.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар