Кригла Пиво

Сепултура со свое пиво за 25-годишнината

Сепултура со свое пиво за 25-годишнината

Бразилските треш легенди Сепултура го претставија своето пиво Weizen, направено по повод 25-годишнината од нивното постоење. Пивото е направено во партнерство со познатиот германски пивски град во Баварија, Bamberg каде што беше и официјалната промоција на пивото минатиот месец. Снимки од промоцијата можете да погледнете на видеото подолу.

Она што не зачуди е дека Sepultura годинава ја слават 25-годишнината иако бендот е формиран во 1984 година. Но, очигледно сегашниот фронтмен Андреас Кисер ги смета годините само откако е тој во бендот иако таму сè уште е басистот кој свири од самите почетоци во ’84 година.

Сепултура со свое пиво за 25-годишнината

Според инфромациите, пивото има посебна арома на банана и каранфилче што доаѓа од специјалниот квасец кој произведува хемикалии кои доведуваат до тие перцепции. Природниот квасец пак кој се употребува му дава посебна заматеност на самото пиво. Како и да е, и ова пиво тешко дека би го пробале во скоро време. Се надеваме дека барем пивото е подобро од групата која на музички план нема понудено ништо посебно од заминувањето на препознатливиот фронтмен Макс Кавалера кон крајот на 1996 година.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар