Кригла Пиво

Sam Adams: учествувај во создавањето на новото пиво

Sam Adams: Crowd Craft ProjectБорис Ефтимовски на неговиот блог „Маркетинг 365“ пишува за иновативната кампања „CrowdCraft Project“ на американскиот производител на пиво „Samuel Adams“ која се остварува заедно со познатиот експерт за социјални медиуми Guy Kawasaki. Тие креираа Facebook апликација со која на потрошувачите им се нуди да учествуваат во изборот на различните состојки од пивото како бојата, аромата, бистрината или сладот за нивното ново пиво. Гласањето трае до 5-ти Февруари, а промоцијата на пивото е на 13-ти Март на специјалната забава во Остин, Тексас. Ова ќе биде едно од првите пива добиени со „crowdsourcing“.

Кампањата е одлична идеја со која не само што се вклучуваат потрошувачите во интеракција со брендот туку тие добиваат и видливи резултати од тоа на крајот. Потрошувачите ценат кога се слуша нивниот глас.

Објавено на 23.01.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар