Кригла Пиво

Рудиментал на отворањето на Belgrade Beer Fest

Рудиментал на отворањето на Belgrade Beer Fest

Годинешниот 14-ти по ред Belgrade Beer Fest ќе го отвори еден од најпознатите светски drum and bass бендови, англичаните Рудиментал на кои ова ќе им биде единнствен настап во регионот во склоп на нивната голема турнеја низ Европа. Белградскиот фестивал на пивото 2016 ќе се одржи од 17ти до 21ви август на добро познатата локација на Ушче, а влезот е бесплатен.

Освен нив на фестивалот најавени се и настапите на Влатко Стефановски, Дубиоза Колектив, С.А.Р.С., Елементал, Ритам Нереда, Масимо Савиќ, Sunshine и Бајага и Инструктори. Наскоро се очекува и комплетната музичка програма, а во однос на пивата како и минатите години се очекуваат околу 150 врсти на пиво. Дефинитивно наша препорака е доколку имате можност да го посетите Белград во текот на фестивалот 🙂

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар