Кригла Пиво

Роџер Вотерс во Загреб 13.04.2011

Роџер Вотерс, басист и основач на легендарните англичани „Пинк Флојд“ во рамките на својата турнеја „The Wall“ гостуваше во Загреб на 13 Април. Главниот град на Хрватска беше најблиското место до Македонија каде што доаѓаше Вотерс со своето шоу и тоа беше единствена прилика да се гледа во живо како ги изведува нумерите од легендарните албуми заедно со целата претстава, еден вид на рок опера. На самото шоу имаше голем број фанови на Пинк Флојд кој што допатуваа од Македонија, но и од целиот Балкан. Ова беше можеби последна прилика да се гледа некој од членовите на Пинк Флојд во живо, кога веќе немаме прилика да ги гледаме во комплетен состав.

 

 

 

 

 

Концертот се одржа во Загреб Арената, која што нас ни е позната претежно од спортските натпревари. Беше исполнета до последно место, а билетите беа распродадени уште неколку денови пред концертот.

Роџер Вотерс на сцената настапуваше со искусни музичари меѓу кои и неговиот син. Освен музичарите на сцена цело време ги гледавме и техничарите кои го градеа ѕидот, односно огромниот видео бим на кои се проектираа најразлични сцени и пораки. Секоја песна си имаше своја приказна, некои со посебна сценографија, придружба на сцената, со огромни кукли над публиката и слично.

 

 

 

 

 

Целиот ѕид се изгради до крајот на првиот дел, по што следуваше пауза на која беа проектирани слики и податоци од загинати лица во воените дејствија низ целиот свет. Вториот дел од концертот беше со целосно изграден ѕид кој што се сруши комплетно при крајот на шоуто.

Концепцијата на целото шоу е доста слична на оригиналните изведби од пред 30 години, но сега со помодерни аудио и визуелни помагала. Сет листата е исто така без измени, од почеток до крај „The Wall“ албумите напишани од Роџер Вотерс.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар