Кригла Пиво

Red Stripe: Музика за вас драги купувачи

Red Stripe: Музика за вас драги купувачи

Се сеќавате на реге оркестарот на Red Stripe? Ние да, бидејќи сè уште си ги слушаме песничките и затоа не бевме воопшто изненадени од последната маркетинг кампања која беше реализирана во источен Лондон. Купувачите во една продавница беа пријатно изненадени кога ќе ги пречекаше музиката од „A Message To You Rudy“ секој пат кога ќе купат шише или лименка Red Stripe пиво. Најинтересното е што музиката не доаѓала од ЦД плеер туку од необични музички инструменти и предмети прилагодени да свират и да се движат.

Замислата е на креативците од Hirsch & Mann, а реализацијата на режисерот Greg Brunkalla. За да нема сомнеж дека видеото е компјутерски направено, снимана е целата подготовка што може да ја погледнете на второто видео.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар