Кригла Пиво

Колку минути ви требаат за да заработите за едно пиво?

Мотивирани од почетокот на годинешниот Октоберфест во Минхен, The Ecomonist во своите дневни графици и анализи објави една интересна споредба за тоа колку време треба да работите за да може да си купите едно пиво. Податоците ги собрале и ги средиле аналистите во швајцарската банка UBS кои пресметале дека на Германците на пример им се потребни 7 минути работа за едно пиво. Земени се просечните плати и просечните цени на пиво од 0,5 литри во продавниците во 2011 година.

Просекот од сите анализирани држави е околу 20 минути работа за едно пиво. Најсреќни треба да бидат жителите на САД на кои им требаат само околу 5 минути за да заработат за едно пиво. Спротивно на нив, најмногу време за да заработат за пиво им треба на работниците во Индија, скоро 1 час. Каде сме ние тука? Бидејќи Швајцарците не пресметале за нас, направивме една груба проценка. Ако земеме дека просечната плата во Македонија според официјалните статистики во 2011 година била околу 20.000 денари, просечниот број работни часови месечно е 160, а цената на 0,5л. македонско пиво во продавница е 35-40 денари, тогаш доаѓаме до бројката од 17-19 минути работа за едно пиво. Под просекот сме ако ништо друго.

Колку минути вам ви требаат за да заработите за едно пиво?

Колку време треба за да се заработи за едно пиво

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар