Кригла Пиво

QR код на пиво кој води до неговиот рецепт

Домашното производство на пиво кај нас во Македонија скоро и да не постои за разлика од други земји каде е тоа вообичаена навика. Заради тоа во странство често можете да сретнете рецепти за подготовка на пиво, видео клипови со инструкции или сајтови кои нудат продажба на состојки и апаратура. Скоро е невозможно да се дојде до рецептите од пивата што се пуштаат во масовно производство, освен ако пиварницата не одлучи рецептот да го искористи во свои маркетинг цели.

Такво нешто направи Yeastie Boys од Нов Зеланд за својот бренд Digital IPA. Тие на етикетата ставија QR код кој води до рецептот односно до инструкциите за подготовка на пивото. На овај начин секој што произведува домашно пиво ќе може да си го направи сам, но ќе може и да си направи своја верзија на пивото според неговиот вкус. Освен тоа, на етикетата се наоѓаат и QR кодови кои водат до Facebook и Twitter страната на пиварницата.

На овај начин компанијата се надева дека ќе ја подобри комуникацијата со своите потрошувачи и ќе ја зголеми транспарентноста на производството. Како крајна цел, оваа кампања може да доведе до усовршување на рецептот и создавање на перфектно пиво со експериментирање од страна на потрошувачите. Амбалажата со QR кодот на етикетата веќе доби и награда на пивските награди за 2012 во Нов Зеланд.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар