Кригла Пиво

Комуницирајте преку пивско шише со QR код

Се прашувате како би изгледал усовршениот mIRC во реално време во барот каде што излегувате? Harry’s Bar од Сингапур смислиле оригинален и креативен начин да им олеснат на своите срамежливи клиенти да се поврзат и да разговараат помеѓу себе со анонимни пораки. Тие го претставија својот изум „Bottle Message“ каде на пивските шишиња ставаат тагови со QR код со чие скенирање им се овозможува на корисниците да внесат своја порака во специјално направена апликацијата.

После внесувањето на пораката, порачувате ново пиво, го ставате тагот со QR кодот од другата страна и го испорачувате преку келнерот до особата со која сакате да започнете разговор. Ако имате среќа, ќе ви биде вратено со истата мерка. И така се додека не соберете храброст лично да и пријдете на девојката или момчето што ви се допаѓа.

Резултатите од оваа акција биле доста позитивни, продажбата на пиво била двојно зголемена од страна на момците, реакциите на девојките биле извонредни, а пивското шише било искористено како нов комуникациски канал скоро без вложување за рекламирање во другите медиуми.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар