Кригла Пиво

Првото Call of Duty пиво

Гејмерите и љубителите на пиво во Австралија ќе можат да уживаат во пивото направено по повод излегувањето на новата игра: Call of Duty: Black Ops III.

Првото Call of Duty пиво

Black Hops III –  Midnight Pale Ale е произведено од малата независна craft пивара „Black Hops“.

Кога нè контактираа од Activision мислевме дека е некоја шега и не можевме ниту да замислиме дека од тоа ќе произлезе сјајно партнерство. Ние сакаме пиво и видео игри, особено Call of Duty и заради тоа веднаш ја зграпчивме можноста да го направиме пивото во чест на новата игра – изјавил Michael McGovern, со-основач на „Black Hops“.

Пивото е класичен American Pale Ale со 4.8% алкохол, се полни во шишиња од 330ml и за жал е достапно само во Австралија.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар